Индекси на прометот во секторот Трговија

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало, во 2023 година, номинално и реално бележи раст во групите/класите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива и Трговија на мало, освен горива.

Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и трговијата на мало, и тоа воформа на номинални и реални (ценовно прилагодени) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.

Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2015 година (базна година) и во споредба со истиот месец од претходната година. Пресметаните индекси се прилагодени (сезонски и календарски).

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 21 март 2024 – Колку чини еврото, а колку доларот?

BiznisPRO

Прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2023 година покажува зголемување во однос на четвртото тримесечје од 2022 за 3.7 %

BiznisPRO

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

BiznisPRO