Индустриското производство во февруари 2026 година е намалено за 4.2 % во однос на февруари 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17.2 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:

– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 19.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 % и Капитални производи за
2.1 %.

Можеби ќе ве интересира...

Се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO

ЖИВКО МУКАЕТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРЕМИУМ ПАРТНЕР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОСКАР НА ХУМАНОСТА“ НА ЦРВЕН КРСТ

BiznisPRO

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

BiznisPRO