Инфлацијата изнесува 4 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0.5 %.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година изнесува 100.6.

Индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.0 %.

Можеби ќе ве интересира...

УБАВА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ: Познато е кога треба да легнат парите од МОЈ ДДВ

BiznisPRO

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9.4 % во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година

BiznisPRO

Соработка на Народната банка со Банката на Португалија во Програмата на ЕУ за зајакнување на системите за известување податоци

BiznisPRO