Инфлацијата успорува: Паѓаат ли каматните стапки?

Американските граѓани и претставници на американската централна банка FED имаат причина да слават бидејќи инфлацијата почна да се намалува во август, охрабрувајќи ги креаторите на монетарната политика дополнително да ги намалат каматните стапки.

Индексот на трошоците за лична потрошувачка (PCE), важен показател за инфлација за американската централна банка FED, се зголеми за 2,2 отсто на годишно ниво во август, забавувајќи се од 2,5 отсто во јули.

Вредноста на овој индекс сега е најниска од февруари 2021 година, кога изнесуваше 1,9 отсто, пренесува CNN. Основниот индекс на расходите за лична потрошувачка се зголеми за 2,7 отсто во август, што е благо забрзано во однос на јулските 2,6 отсто, објави денеска американското Биро за економски анализи (БЕА).

И двата индекса месечно се зголемуваат за 0,1 отсто во однос на јули.

Денешниот извештај за инфлацијата сигнализира дека ФЕД можеби ќе може повторно значително да ги намали каматните стапки на следниот состанок за монетарната политика, наведува американската медиумска компанија.

Овој месец американската централна банка ги намали референтните каматни стапки за 50 базични поени.

Можеби ќе ве интересира...

Пад на животниот стандард во Германија: Рецесијата оди рака под рака со подемот на екстремната десница

BiznisPRO

Годините се само бројка: Не постојат правила за најдобрата возраст за започнување бизнис

BiznisPRO

Браната Конско е целосно изградена: Најголемиот водостопански проект изграден во државава последниве 20 години

BiznisPRO