Инфлацијата во Турција скокна на 61,14 отсто во март

Годишната инфлација во Турција скокна на нов 20-годишен рекорд од 61,14 отсто во март, поттикната од растот на цените на енергијата и суровините по избувнувањето на руско-украинскиот конфликт што ги влоши последиците од минатогодишниот пад на лирата, покажуваат официјалните податоци.

На месечна основа, потрошувачките цени во Турција пораснале за 5,46 отсто, соопшти турскиот статистички институт.

Економистите анкетирани од Ројтерс предвидоа месечна инфлација од 5,7 отсто и годишна инфлација од 61,5 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Во потрага по работници, Германија воведува нови правила за поголема имиграција

Бизнис про

Слабо се трошат автомобилите на Фолксваген – Кинескиот пазар ја кочи познатата марка

Бизнис про

САД размислуваат за замрзнување на златните резерви на Русија

Бизнис про