Инфлацијата во Унгарија падна

Годишната стапка на инфлација во Унгарија падна во февруари од 3,8 отсто во јануари на 3,7 отсто и сега е најниска од март 2021 година.

Ова денеска го соопшти Централниот завод за статистика на Унгарија (КСХ).

Цените на храната се зголемија за 2,2 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од јануарските 3,6 отсто, исто како и цените на алкохолните пијалоци и тутунот, со зголемување од 5,3 отсто во февруари наспроти 8,1 отсто во јануари.

Во услужниот сектор е забележано мало забавување на растот на цените на годишна основа, од јануарските 10,4 на 10 отсто, се наведува на веб-страницата на КСХ.

Годишната основна стапка на инфлација во Унгарија падна во февруари од 6,1 отсто во јануари на 5,1 отсто и сега е најниска во последните 27 месеци.

На месечна основа, цените пораснаа за 0,7 отсто во однос на јануари, со исто темпо како и претходниот месец.

Можеби ќе ве интересира...

Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години

BiznisPRO

И на крај нагодба: Поради канцерогениот прав – 6,48 милијарди долари

BiznisPRO

Ова се десетте најзадолжени компании во светот

BiznisPRO