Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

Најновотото истражување за Основна полова проценка извршено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility -GEFF) открива постојан полов диспаритет во однос на пристапот до климатското финансирање во Северна Македонија.

Програмата пласира финансиска поддршка во Северна Македонија од 2017 година, обезбедувајќи финансирање за сопственици на домови, за инвестиции во технологии кои заштедуваат енергија, во соработка со локалните партнерски банки. Истражувањето ги утврдува резултатите и тенденциите на кредитирање преку програмата, која до денес има поддржано скоро 5.000 сопственици на домови, во инвестиции на енергетска надградба во нивните живеалишта.

Врз основа на овие податоци, истражувањето истакнува дека иако кај сопствениците на банкарските сметки и кредитни картички нема полова разлика, жените добиваат само 28% од вкупно позајмените средства од оваа програма, во споредба со 72% средства кои ги добиваат мажите. Соодносот е скоро 10 милиони евра зелено кредитирање помалку за жените.
Резултатите исто така покажуваат дека младите жени се соочуваат со дополнителни бариери за пристап до кредитирањето, најчесто заради договори за привремено вработување, породилно отсуство, неплатена грижа за блиски, кои го лимитираат нивното учество во формалниот пазар на труд. Овие структурални измени придонесуваат жените да имаат помала финансиска инклузивност и намален пристап до можностите за зелени инвестиции.

Тоа што е интересно, е фактот дека жените кои подигнуваат кредити, позајмуваат поголеми суми од просечната сума на кредити, преку Програмата за финансирање на зелена економија. Просечната големина на кредитот кај жените е 8.529 евра, што е значително над просекот на програмата од 5.605 евра. Ова е индикатор дека жените прават значајни инвестиции, кога за тоа ќе добијат можност.

Вo студијата се истакнува и силен деловен аспект за проширување на зелените финансии за жените. Жените демонстрираат силна климатска свест, а 74% изразуваат загриженост за ризиците поврзани со климата во споредба со 61% од мажите. И покрај тоа, жените остануваат помалку претставени во зеленото финансирање. Овие резултати укажуваат на значајна можност за финансиските институции за проширување на нивните пазари, преку справување со бариерите специфични за полово креираните производи, кои ги задоволуваат потребите на жените.
,,Ова истражување е важно затоа што со подобрување на собирањето на податоци и истакнување на половиот диспаритет, може да се помогне во натамошното кревање на свесноста околу оваа работа и подобрување на учеството на жените во зелената економија”, истакна Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија. ,,Програмата за финансирање на зелена економија поддржана од ЕБОР и нејзините донатори, продолжува да работи со локалните банки во промовирање на инклузивно зелено финансирање и обезбедување на услови жените да не бидат изоставени во зелената транзиција“, додаде тој.
Претставничката од Европската Делегација, госпоѓа Мари Маделеин Канелополу, истакна: ,,Половата еднаквост е фундаментална компонента на сите политики на Европската Унија имплементирани во Северна Македонија, со која се овозможува усогласување со целите на климатска неутралност со родовата еднаквост, и се поттикнува оддржлив развој. Со вакви податоци се овозможува да знаеме кои се пазарните потреби, кои се пречките за женските претприемачи и како заеднички можеме да изградиме капацитет за поддршка на полово одговорни климатски акции во иднина. “

Полово базираната проценка нуди препораки на финансиските институции во надминување на бариерите на жените во пристап за климатско финансирање, вклучувајќи користење на полово прилагоден маркетинг и информативни канали, како и зголемување на свеста за можностите за финансирање прилагодени според потребите на жените. Напорите треба да се фокусираат и на справување со половите предрасуди во финансиските процеси, обезбедување на субвенции за зелени инвестиции, и зајакнување на соработката со локалните влади во поддршка на пристапот на жените до финансии.

Програмата за финансирање на зелена економија на ЕБОР на Западен Балкан е ко-финансирана од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, владите на Австрија, Данска, Јапонија и Швајцарија, преку иницијативата Партнерство со високо влијание за климатските акции (High-Impact Partnership on Climate Action – HIPCA).*

* Партнерство со високо влијание за климатските акции е поддржано од Австрија, Канада, Финска, Германија, Холандија, Јужна Кореа, Шпанија, Швајцарија, Тајван-Меѓународниот фонд за соработка и развој, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

фото ЕБОР

Можеби ќе ве интересира...

Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ

BiznisPRO

Што е подобар избор: Стан или куќа

BiznisPRO

Оваа есен штедете паметно со Промо депозитот на Халкбанк

BiznisPRO