Простор во кој дигиталното искуство, финансиското советување и човечкиот контакт се спојуваат во едно
Што ако влезете во финансиска експозитура и првото нешто што ќе го забележите не е шалтер, туку кауч? Што ако наместо да чекате, седнете? И наместо „Како можам да ви помогнам?“, разговорот започне со „Што планирате?“
Ова е идејата позади новата flagship експозитура на Иуте Македонија, отворена во центарот на Скопје. Просторот е дизајниран како дневна соба – топол, современ и удобен, со кауч, кафе и советници кои седнуваат до клиентот, наместо зад шалтер.
„Ако денес речиси секоја трансакција можеме да ја направиме преку телефон, тогаш физичкиот простор мора да има поинаква улога. Не сакавме само да ја модернизираме експозитурата. Сакавме да ја редефинираме нејзината улога – од трансакција кон разговор“, вели Маријана Недевска, Комерцијален директор на Иуте Македонија.
Кога шалтерот повеќе не е центарот на експозитурата
Дигитализацијата фундаментално го промени начинот на кој ги користиме финансиските услуги. Апликациите ги преземаат трансакциите, а телефонот станува место каде што завршуваме голем дел од секојдневните финансиски активности.
Но, кога станува збор за поважна финансиска одлука, луѓето не бараат само брзина. Бараат јасно објаснување, совет и сигурност дека го прават вистинскиот избор – и сакаат за тоа да разговараат со човек.
Затоа, во новата експозитура клиентот и советникот седнуваат еден до друг, без традиционалната шалтерска бариера.
„Кога ќе седнете на кауч, разговорот природно е поинаков. Не доаѓате само да завршите трансакција, туку да разговарате за она што ви е потребно и како можеме да ви помогнеме“, додава Недевска.
Дигитално кога сакаме. Човечки кога ни треба.
Овој принцип е во срцето на новиот концепт. Технологијата обезбедува брзина и едноставност, а физичкиот простор е посветен на она што технологијата не може целосно да го замени – објаснување, советување, планирање и човечки контакт.
Во новата експозитура клиентите можат:
- самостојно да ги истражат Myiute и дигиталните услуги на Иуте, кои се достапни 24/7;
- да добијат помош при користење на апликацијата;
- да седнат со советник и да разговараат за своите финансиски потреби, планови и идеи.
Стратешкиот фокус на Иуте останува целосната дигитализација на услугите, со мобилната супер-апликација Myiute во центарот на еко-системот. Новата flagship локација не е спротивност на таа насока, туку нејзино надополнување – дел од пошироката трансформација на Иуте кон интегрирано финансиско искуство во кое технологијата ја презема рутината, а луѓето добиваат повеќе простор за одлуките што бараат разговор.
На тој начин, новата експозитура не се обидува да биде „пофутуристичка“, туку покорисна – место каде што можете да дојдете со финансиско прашање, план или идеја, да седнете, да се напиете кафе и едноставно да разговарате.
Новата експозитура е лоцирана во строгиот центар на градот на ул.
Никола Вапцаров бр. 15/1-1 (спроти Хотел Солун), додека пристапот до нашите услуги е овозможен 24/7 преку мобилната апликација Myiute.
фото IUTE
