• мај 13, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Избрани победниците на Startup Weekend Skopje

Избрани победниците на Startup Weekend Skopje

Изминатиот викенд, од 6-ти до 8-ми мај, во просториите на Инофеит, при факултетот за електротехника и информациски технологии, беше одржан Startup Weekend Skopje. Овој настан, 11ти по ред, уште еднаш успеа да ги поврзе младите претприемачи и бизнис ентузијасти.

Настанот започна во петокот, а беше отворен од страна на фасилитаторот од Теchstars, Козмин Приву од Романија. Како специјален гостин на настанот беше присутен и Вања Јосифовски, поранешен CTO на Pinterest и Аirbnb.

50 млади луѓе поддржани од 15 искусни ментори интензивно работеа на нивните креативни идеи цели 54 часа. Разработените идеи ги презентираа пред тричленото жири составено од експерти во различни области (дизајн, иновации и информациски технологии).

Оваа година како победник беше избран тимот на “Еnroll”, кој креираше платформа за градење на поефикасни тимови преку различни активности. Со помош на “Еnroll” вработените ќе добијат шанса да се поврзат со колеги кои имаат слични интереси, а работат во други одделенија. Главната функција на платформата е поефикасно да ги поврзе вработените, а со тоа да придонесе кон градење и оддржување на подобра компаниска култура.

Второто место му припадна на тимот “Second Chance” и нивната бизнис идеја за создаваање на апликација за продажба на користена облека. Преку апликацијата тие сакаат да ги поврзат сите оние кои имаат непотребна oблека во својот гардеробер со оние кои сакаат да ја купат. Исто така, апликацијата се фокусира и на можноста за донирање на облека кон ранливи групи на луѓе.

Трето место освои тимот на “US+”. Членовите на тимот ја претставија својата идеја за платформа преку која луѓето кои секојдневно патуваат ќе можат да се поврзат и да споделат различни начини на превоз.

Почесно споменување добија тимовите на “Doggy Tinder” и “Bridge IT”.

Победниците се стекнаа со вредни награди кои ќе им овозможат понатамошно развиваање на нивните решенија. После настанот се одржа и хуманитарна забава во „Среќа“ бар. Забавата беше организирана од страна на Ways2help (победници на Startup Weekend во 2020 година) по повод нивниот втор роденден.

Startup Weekend Skopje е уште еден доказ дека во Македонија постојат многу млади и амбициозни луѓе подготвени за иновација.

Настанoт беше подржан од голем број спонзори кои помогнаа во беспрекорната реализација, меѓу кои Solveo, Netcetera, Embed Social, Skopje City Mall, Altius, Innofeit, Startup Macedonia, Nest, Academy of UX и Скопска Пивара, Design Thinking mk, Brands Gateway, Enzyme и Macedonia 2025, Solveo, time.mk, Idealab, Kajgana, comics.mk, Dopeness production, Oljo’s street food, Da be da, Chia dia, Alma M, Pivolabs, Hi lifeе.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…