На ЕНЕР – Законот за даночните поттикнувања за донации и спонзорства во активностите од јавен интерес

Целта на законот е поттикнување на донирањето заради остварување , унапредување, промоција и поддршка на активностите од поширок јавен интерес. Сите заинтересирани и засегнати страни во наредниот период имаат можност да го разгедаат законот и да дадат свои коментари, предлози или сугестии.
Законското решение што се предлага би придонело за:

• Охрабрување на работата на граѓанските организации преку дополнителен метод за финансирање и исполнување на утврдените мисии
• Поттикнување на донаторите со стимулирање на локалната филантропија
• Зајакнување на филантропијата преку даночни поттикнувања за стимулација на потенцијалните даватели за поддршка на јавно корисна иницијатива
• Спречување/минимизирање на можноста за измама, како и зголемување на транспарентноста и одговорноста на примателите на донации
• Промовирање ефикасно користење на расположливите ресурси.
• Значително намалување на административниот товар на институциите, ефикасност на администрацијата и користење на електронски системи.

Со предложените решенија се уредуваат давањето и примањето на донациите и спонзорствата за коишто давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања, целта на давањето и примањето, давателите и примателите, предметот, користењето и видовите даночните поттикнувања и евидентирањето и контролата на донациите и спонзорствата во активностите од јавен интерес. Овој закон не се применува врз донациите и спонзорствата за кои давателот или примателот не бараат даночни поттикнувања.

Овој предлог се темели на клучната експертиза, низа континуирани консултации со корисниците на законот (институции, непрофитен сектор, бизнис заедница, индивидуални донатори) во период од повеќе од 10 години.

Можеби ќе ве интересира...

Македонија меѓу земјите со најевтини горива во регионот и Европа

BiznisPRO

Дали денес треба да се побрза до менувачница – Курсна листа за 27.02.2024

BiznisPRO

За речиси 50 отсто пораснале приходите од данок на моторни возила во 2023 година

BiznisPRO