За речиси 50 отсто пораснале приходите од данок на моторни возила во 2023 година

Приходите од данокот на моторни возила во 2023 година пораснале за 46,7 отсто во однос на претходната 2022 година и изнесуваа 2,2 милијарди денари, соопшти директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.

Раст има и по основ на царина од 10,3 отсто во 2023 во однос на претходната 2022 година и изнесуваа 9,1 милијарда денари.

Приходите од акциза во 2023 година изнесувале 32,4 милијарди денари, односно 5 отсто повеќе откоку во 2022 година.

Богоев така соопшти дека Царинската управа учествува со 43 отсто во вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија.

Вкупните приходи кои ги наплатила Царинската управа во 2023 година изнесуваат 117,9 милијарди денари, средства кои се слеваат во Буџетот и се еден од главните извори за инвестиции во здравство, образование, инфраструктура.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионери проверете ги сметките: Стигнаа пензиите!

BiznisPRO

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

BiznisPRO

Македонија меѓу земјите со најевтини горива во регионот и Европа

BiznisPRO