Утврдени нови цени на горивата

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,072 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,935 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

„Нова Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – обезбедени 42.3 милиони денари финансиска поддршка“

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Падна одлука во РКЕ: Возачите на бензин “радосни”, а за оние на дизел “разочарување”

BiznisPRO