• март 19, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Изгуби вртоглава сума: Руски милијардер не знае како да живее под санкциите

Изгуби вртоглава сума: Руски милијардер не знае како да живее под санкциите

Рускиот олигарх Михаил Фридман во интервју за Блумберг истакна дека не знае како да живее откако пред три недели се најде под санкции.

Имено, Фридман, кој според индексот на милијардери на Бломберг моментално има нето богатство од 10,1 милијарди долари, беше санкциониран од ЕУ на 28 февруари, а Велика Британија на 15 март. Тој тогаш ги опиша санкциите на ЕУ како „неосновани и неправедни“ и најави дека ќе ги оспори.

Блумберг пишува дека од почетокот на инвазијата на Украина, богатството на Фридман паднало за четири милијарди долари.

Фридман, кој исто така е ко-основач на лондонската инвестициска компанија LetterOne и поранешен член на управниот одбор на руската банкарска групација Алфа-Банк, за Блумберг изјави дека санкциите значат и дека неговата последна валидна британска банкарска картичка е замрзната.

Тој тврди дека моментално живее во Велика Британија, има џепарлак од 2.500 фунти (3.300 долари) месечно и мора да аплицира до британската влада за да добие дозвола да ги потроши парите.

Инаку, Фридман поднесе оставка од менаџментот на Алфа-банка ден откако ЕУ го санкционираше, а поднесе оставка и од бордот на директори на LetterOne, инвестициската компанија чиј ко-основач е.

Во интервју за Блумберг, тој спомна дека мислел дека има добри односи со Западот поради неговите патувања во Вашингтон и програмата за стипендирање на Алфа-банк што ја основал за американски, британски и германски граѓани во 2004 година.

„Искрено верувавме дека сме толку добри пријатели на западниот свет што не може да бидеме казнети“, изјави тој за Блумберг.

фото Pixabay

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…