Ја надминаа кризата: Европејците трошат се помалку гас

Потрошувачката на природен гас во Европа падна на најниско ниво во последните десет години во 2023 година.

Ова го објави Американскиот институт за енергетска економија и финансиска анализа (IEEFA) во нов извештај.

За две години од почетокот на војната во Украина, европската побарувачка за гас е намалена за 20 отсто низ целиот континент, се наведува на веб-страницата на организацијата.

„Европа ја надмина енергетската криза и продолжува да ја ограничува употребата на гас, делумно благодарение на мерките за ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија“, се нагласува во извештајот.

Пад на побарувачката на гас е забележан првенствено во Германија, Италија и Велика Британија.

Европа успеа да го намали увозот на руски гас преку цевководи, но руските испораки на течен природен гас (LNG) во Европа се зголемија за 11 отсто меѓу 2021 и 2023 година.

Најголеми увозници на руски природен гас се Шпанија, Франција и Белгија со вкупно учество од 80 отсто.

Испораките на руски ЛНГ во Шпанија во споменатиот период се удвоија, а испораките во Белгија повеќе од трипати.

Турција и Грција почнаа да увезуваат руски ЛНГ во 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Бектеши: Продолжува трендот на намалување на потрошувачката на електрична енергија кај државните институции, министерствата во октомври оствариле 33% заштеда на струја

BiznisPRO

Заработи огромни пари: Норвешка оствари рекордни приходи од нафта и гас

BiznisPRO

Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени

BiznisPRO