Заработи огромни пари: Норвешка оствари рекордни приходи од нафта и гас

Норвешка оствари рекордни приходи од нафта и гас во 2022 година, откако конфликтот во Украина доведе до скок на цените на енергијата, јавува телевизијата НРК.

Повикувајќи се на истражувачката институција NHH, телевизијата објави дека Норвешка заработила 334 милијарди круни (31,3 милијарди долари) приход од извозот на природен гас во 2022 година, поради големиот прекин во снабдувањето со руски гас.

– Откривме дека цената на јагленот и недостигот на руска испорака ја објаснуваат флуктуацијата на цените на природниот гас во текот на 2022 година – пишуваат истражувачите на NHH.

Бројката од 31,3 милијарди долари изнесува 27 отсто од приходот на Норвешка од извозот на гас во 2022 година, без пратките во ОК. Минатата година беше рекордна за приходите од норвешкиот гас.

– Тоа е лудо висока бројка – изјави лидерот на норвешката партија на зелените, Арилд Хермстад. Тој изјави дека е за осуда што Норвешка профитирала од несреќата на другите луѓе.

– Владата прави срамно да се биде Норвежанец – рече Хермстад.

Можеби ќе ве интересира...

Исплатени 5234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157.3 милиони денари

BiznisPRO

Русите купија 1,3 милиони нови возила, Кинезите го искористија отсуството на западните производители

BiznisPRO

Земјите од Г7 се загрижени поради економската принуда на Кина

BiznisPRO