Русите купија 1,3 милиони нови возила, Кинезите го искористија отсуството на западните производители

Во 2023 година во Русија се продадени повеќе од 1,3 милиони моторни возила, што е зголемување за 60 отсто во однос на претходната година, соопшти Министерството за индустрија и трговија.

Според објавените податоци, продажбите на патнички и комерцијални возила изнесуваат 1.056 милиони (+62%) и 104.958 единици (+35%). Бројот на камиони и автобуси продадени во Русија во текот на годината изнесува 140.204 (+74%), или 17.792.

За споредба, Асоцијацијата на европски претпријатија (АЕБ) објави минатата година дека продажбата на нови патнички и лесни комерцијални автомобили во Русија изнесувала вкупно 687.370 во 2022 година, што е голем пад од 58,8 отсто во споредба со 2021 година, кога имаше речиси 1,7 милиони возила.

Падот се припишува на недостигот на возила на домашниот пазар откако американските, европските, јапонските и јужнокорејските производители или ја напуштија Русија или ја прекинаа испораката на автомобили и компоненти, прекинувајќи го локалното производство на неодредено време поради санкциите на Западот.

Иако руските и кинеските производители на автомобили не успеаја веднаш да ја задоволат побарувачката, а многу купувачи беа обесхрабрени од високите цени на возилата, Кинезите започнаа со експанзија во Русија. Иако руската автомобилска индустрија сè уште го покрива поголемиот дел од локалниот пазар, кинеските брендови забележаа импресивен раст на продажбата.

Лада Гранта од руско производство остана најпопуларен модел во земјата, со 191.074 продадени автомобили во 2023 година, по што следи кинеската Haval Jolyon со 48.980 продадени возила. Во првите пет најпродавани автомобили се „лада нива“ (46.859), „лада веста“ (41.296) и „чери тиго“ (40.992), пренесува РТ Балкан.

Можеби ќе ве интересира...

Ги има четири во Западна Европа: Ова се 10-те НАЈСКАПИ ГРАДОВИ во светот

BiznisPRO

Американ ерлајнс купува 260 нови авиони од Боинг, Ербас и Ембраер поради зголемената побарувачка

BiznisPRO

Корпоративните одбори повеќе не се само за извршни директори „Назначувањето жена за шеф може да ја зголеми цената на акциите на компанијата“

BiznisPRO