фото Бизниспро

Убава вест: Оваа банка пензиите ќе ги исплати предвреме

Соопштение на КБ:

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за април од вторник 30.04.2024 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник 30.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. 💳

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката. 🏦

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. 🕔

А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот. 🕑

Мапата со локации на банката е достапна на следниот линк 👇 https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Можеби ќе ве интересира...

НАЈГОЛЕМИОТ РЕЗЕРВОАР НА ЛИТИУМ НА СВЕТОТ Ова може да ја промени иднината на ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

BiznisPRO

Силен скок на цената на нафтата

BiznisPRO

Просечната плата достигна 41.252 денари

BiznisPRO