Катар ќе го зголеми производството на течен природен гас на 142 милиони тони годишно

ДОХА – Катар ќе го зголеми производството на течен природен гас (ЛНГ) за 16 милиони тони во следните три до пет години, на вкупно 142 милиони тони годишно, изјави шефот на државната енергетска компанија Катар енерџи, Сад Шерида ел. -Каби.

Како што објави Ројтерс, цените на течниот природен гас во моментов се на најниско ниво во последните три години поради релативно топлата зима на северната хемисфера, што значително ја намали побарувачката за ова гориво.

Аналитичарите на њујоршката банкарска групација Голдман Сакс сметаат дека зголемувањето на производството на ЛНГ ќе го продлабочи трендот на намалување на цените на бензинот на пазарот кој и онака се соочува со прекумерна понуда.

Можеби ќе ве интересира...

Порака Кремљ до европските купувачи „Нема да испорачаме гас бесплатно“

BiznisPRO

За околу 35% ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции

BiznisPRO

Утврдени нови цени на горивата

BiznisPRO