Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 29-ти пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков тип во Македонија.
Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет финалисти кои конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2024“. Листа финалисти ја сочинуваа (наведени по азбучен ред):
– Jeep Avenger
– Kia EV6
– MG4
– Renault Austral
– Škoda Enyaq
Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ со гласање реши титулата да му ја додели на:
* Kia EV6
Ова возило доби 3 гласови од жирито, кои поединечно ги дадоа гласовите за овие модели.
Горан Антевски – Kia EV6
Владимир Ристовиќ – Kia EV6
Агрон Сулејман – MG4
Зоран Коцев – Kia EV6
EV6 не само што е првиот модел на Kia направен на новата електрична глобална модуларна платформа, туку и првиот автомобил што ја има имплементирано смелата нова дизајнерска филозофија на компанијата. Тоа заедно со динамичните перформанси, импресивната автономија и брзото полнење на батериите навистина го претставуваат EV6 како нешто посебно.
Во внатрешноста обезбедува комфор и пространост на лимузини од висока класа, а поставува и нови стандарди во однос на технологиите за помош на возачот и инфозабава.