Кина ја намали каматната стапка

Народната банка на Кина (PBoC) денеска на својата веб-страница објави дека одлучила да ја намали каматната стапка.

Кина ќе ја намали каматната стапка на петгодишните заеми, која е поврзана со повеќето хипотеки, од 4,2 отсто на 3,95 отсто.

Банката на Кина одлучи да ја намали оваа каматна стапка за прв пат од јуни 2023 година.

Во исто време, ПБК шести пат по ред ја задржа каматната стапка на едногодишните кредити на 3,45 отсто. Оваа каматна стапка е поврзана со повеќето лични и деловни заеми.

И двете каматни стапки сега се на историски најниски.

Во 2023 година, кинеската економија порасна за 5,2 отсто на годишно ниво, со што ја надмина целта на Пекинг од пет отсто раст на годишно ниво, објави претходно Кинеското Национално биро за статистика.

Можеби ќе ве интересира...

Инфлацијата во Унгарија падна

BiznisPRO

„Брако“ стартува со нова производствена програма, 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија

BiznisPRO

Биткоинот падна под 40.000 евра

BiznisPRO