Инфлацијата во Унгарија падна

Годишната стапка на инфлација во Унгарија падна во февруари од 3,8 отсто во јануари на 3,7 отсто и сега е најниска од март 2021 година.

Ова денеска го соопшти Централниот завод за статистика на Унгарија (КСХ).

Цените на храната се зголемија за 2,2 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од јануарските 3,6 отсто, исто како и цените на алкохолните пијалоци и тутунот, со зголемување од 5,3 отсто во февруари наспроти 8,1 отсто во јануари.

Во услужниот сектор е забележано мало забавување на растот на цените на годишна основа, од јануарските 10,4 на 10 отсто, се наведува на веб-страницата на КСХ.

Годишната основна стапка на инфлација во Унгарија падна во февруари од 6,1 отсто во јануари на 5,1 отсто и сега е најниска во последните 27 месеци.

На месечна основа, цените пораснаа за 0,7 отсто во однос на јануари, со исто темпо како и претходниот месец.

Можеби ќе ве интересира...

Колку вреди крипто пазарот?

BiznisPRO

Станбениот гигант должи 194 милијарди долари

BiznisPRO

Масовно повлекување на биткоини од берзата

BiznisPRO