МФ: Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија писма за изразување на интерес за финансирање на брзата пруга

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање на пректот за брзата пруга од Коридорот 10.

Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10.

Имено, Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски институции. Рокот за одговор беше 7 јули 2025 година. За реализација на проктот се бараа 1,91 милијарда евра.

Министерството за финансии го испрати барањето за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на Заклучок на Владата. Заедно со барањето Министерството за финансии испрати до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така беше разгледано од страна на Владата.

Можеби ќе ве интересира...

ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛИ 40 НОВИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025

BiznisPRO

Просечната плата во Загреб е 1500 евра

BiznisPRO

АКО СТЕ РАБОТЕЛЕ ВО СТРАНСТВО, А НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК ПРЕД 5 ГОДИНИ ВЕ ЧЕКА ЛОША ВЕСТ: УЈП испрати известувања за проверка на приливите од странство за 2021 година

BiznisPRO