фото Бизниспро

Просечната плата во Загреб е 1500 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за правни лица во Град Загреб за јули годинава изнесува 1.505 евра, што е номинално намалување од 0,3 отсто во однос на јуни, но зголемување од 15 отсто во однос на јули лани.

Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето-плата за правните лица за јули е исплатена во екстракција на сурова нафта и природен гас, во износ од 2.221 евро, пренесува Индекс.хр.

Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 875 евра.

Просечната нето плата за јули годинава била 1.302 евра, што значи дека половина од вработените во Загреб имале помалку и половина повеќе од таа сума.

Споредено со просечната месечна плата за јули на ниво на Хрватска, која изнесувала 1.315 евра, просечната загребска нето-плата исплатена за тој месец била за 190 евра поголема.

Просечната месечна бруто-плата по вработен за правни лица во градот Загреб за јули годинава изнесува 2.146 евра, што е намалување за 0,2 отсто во однос на јуни, но зголемување за 15,3 отсто во однос на јули 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Познато е за колку денари ќе бидат зголемени пензиите – Еве кој колку ќе добие со новото покачување од 5 отсто

BiznisPRO

Биткоинот попладнево падна под 80.000 долари – Ќе продолжи ли да тоне?

BiznisPRO

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, извоз од 210,5 милиони евра и со инвестиции од 23,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2024 г.

BiznisPRO