Кипарскиот „Гунвор“ го купува „Лукоил Интернешнл“

„Лукоил“ соопшти дека се договорил со „Гунвор“ групацијата да ги продаде сите свои средства во странство.

Во соопштението се истакнува дека клучните услови на трансакцијата биле претходно договорени меѓу страните.

„Лукоил“ информира дека понудата дадена од „Гунвор“ групацијата за купување на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, со седиште во Австрија, е прифатена и дека компанијата се обврзала да не преговара со други потенцијални купувачи.

Но сега следува нов чекор, па така склучување на обврзувачки договор и готовинска трансакција, потребно е „Гунвор“ групацијата да добие дозвола од OFAC, агенцијата на Министерството за финансии на САД што воведе санкции врз „Лукоил“.

„Доколку е потребно, страните планираат да поднесат барање за продолжување на постојната лиценца на OFAC и сите дополнителни лиценци за да се обезбеди непречено работење во странство и банкарски услуги во периодот до завршувањето на трансакцијата“, се вели во соопштението на „Лукоил“.

Се додава дека продажбата на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, која е сопственик и на српската филијала на „Лукоил“, е последица на рестриктивните мерки воведени од некои земји против компанијата и нејзините подружници.

Можеби ќе ве интересира...

Повеќе од половина Европејци признаваат дека гледале во екранот на телефон на непознато лице во јавност, при што речиси една четвртина го направиле тоа од чиста љубопитност

BiznisPRO

Есенската „златна жетва“: вргањ, шумската акција што носи чиста заработка

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите денес – Курсна листа за 20 јуни

BiznisPRO