Комерцијална банка склучи договор со Yildirim групацијата за продажба на Еуроникел

Комерцијална банка информира дека склучи договор за продажба на имотот на комбинатот Еуроникел индустри од Кавадарци со друштва основани од холандската холдинг компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијта Yildirim Group. За финална реализација на купопродажниот договор останува уште да се исполнат сите правни и регулаторни предуслови.

Во истовреме, Банката со групацијата Yildirim склучи договор за продажба и на имотот на фабриката Нова рефрактори во Пехчево.

Убедени сме дека продажбата е долгорочно решение за комбинатот Еуроникел имајќи го предвид кредибилитетот и капацитетот на Yildirim групацијата. Веруваме дека со ова е надминат неизвесниот период за сите доверители и, пред сѐ, за вработените во комбинатот, кои покажаа максимална посветеност и професионалност и покрај тешката состојба во која се најдоа не по нивна вина.

Групацијата Yildirim е глобален индустриски конгломерат со седиште во Амстердам и во Истанбул. Основана е во 1963 година и моментално работи во 56 земји на 5 континенти, вработува 25.000 лица во девет индустрии: метали и рударство, управување со пристаништа, вештачки ѓубрива и хемикалии, енергија и енергетски производи, транспорт и логистика, финансиски услуги, градежништво и недвижности и меѓународната трговија.

Во целиот изминат период од декември 2023 година, кога Комерцијална банка го презеде имотот на комбинатот во своја сопственост, бевме посветени на наоѓањето сериозен инвеститор кој ќе ја продолжи дејноста на еден од најзначајните индустриски капацитети во земјата. Со цел да се одржи комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес, Банката во изминатите четири месеци обезбеди речиси 100 милиони денари за одржување на технолошкиот минимум на комбинатот и за давање шанса за продолжување на работењето.

Банката останува посветена и понатаму да придонесе со сите свои капацитети за фер наплата на доверителите и вработените во рамките на стечајната постапка. Прв услов за тоа е сите должници на Еуроникел веднаш да ги платат своите обврски.

Можеби ќе ве интересира...

Американската агенција го намали кредитниот рејтинг на Русија, и сега е чекор поблиску до банкрот

BiznisPRO

Позната компанија укинува 2.000 работни места

BiznisPRO

За пензионерите со пензии до висина на минималната плата ќе има финансиска поддршка

BiznisPRO