Лидл го купи објектот “Бриколаж”

Познатиот трговски ланец на маркети „Лидл“ кој наскоро ќе почне со работа во земјава, официјално го купи објектот каде што до неодамна беше сместен продажниот салон на „Бриколаж“ во скопската општина Гази Баба.

Овој објект наречен „Бриколаж“ беше во сопственост на „Скопски пазар“.

„Лидл“ за објектот искеширал 9,5 милиони евра.

Според информацијата доставена до Берзата, одлуката на Надзорниот одбор на „Скопски пазар“ за продажба на објектот била донесена на 18 април.

„Лидл“ во јануари годинава, започна со изградба на логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона Речица, во близина на Куманово, кој треба да отвори нови 150 работни места, додека пак продавниците на „Лидл“ во Македонија треба да започнат со работа во 2025 година.

Можеби ќе ве интересира...

Следува исплата на пензиите – наскоро ќе бидат покачени за 2.500 денари/месечно!

BiznisPRO

По 11 години: Зголемен кредитен рејтинг

BiznisPRO

Цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.2 % кај инпутот и за 18.0 % кај аутпутот

BiznisPRO