Лоши вести за возачите – поскапуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,022 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,542 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со силен раст и инвестиции

BiznisPRO

НАЈГОЛЕМИОТ РЕЗЕРВОАР НА ЛИТИУМ НА СВЕТОТ Ова може да ја промени иднината на ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

BiznisPRO

Како да ги реактивирате гените на младоста, и вашата кожа на лицето да изгледа неколку години помлада?

BiznisPRO