Македонски фирми бараат работници – Дури 9.518 слободни работни места.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 % односно 9.518 места.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Ѓ – Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.62 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 656, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Т-04: Слободни работни места според занимања, четврто тримесечје од 2023 година
T-04: Job vacancies by occupations, fourth quarter of 2023
Групи на занимања Број на слободни работни места Структура (%) Groups of occupations
Number of job vacancies Structure (%)
Вкупно  9 518 100.0 Total
1. Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори   58 0.6 1. Managers
2. Стручњаци и научници   826 8.7 2. Professionals
3. Техничари и сродни занимања  1 476 15.5 3. Technicians and associate professionals
4. Службеници  1 157 12.2 4. Clerical support workers
5. Работници во услужни дејности и продажба  2 656 27.9 5. Service and sales workers
6. Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот   168 1.8 6. Skilled agricultural, forestry and fishery workers
7. Занимања за неиндустриски начин на работа во производството  1 148 12.1 7. Craft and related trades workers
8. Ракувачи и составувачи на машини и постројки  1 204 12.6 8. Plant and machine operators, and assemblers
9. Елементарни занимања   742 7.8 9. Elementary occupations
0. Воени занимања   83 0.9 0. Armed forces occupations

извор: ДЗС

Можеби ќе ве интересира...

ОКТА: Резултатите од првиот квартал покажуваат силна прилагодена профитабилност

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана, а девизните резерви повисоки за 40%

BiznisPRO

Лоша вест – повторно поскапување на горивата

BiznisPRO