Македонските јаболка ќе се најдат во секое училиште за децата

„Оваа година започнуваме со усогласување на нашите политики со европските. Ќе се донесат повеќе закони, меѓу кои и Законот за вино, Законот за директни плаќање, Законот за рурален развој, за уредување на пазарите, преку кој се уредуваат сите производители, но од друга страна го регулираме и вишокот на производи, ги уредуваме школските шеми“ кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за ТВ Стар.

Тој додаде дека тоа значи оти македонските јаболка ќе може да се најдат во секое улчилиште за нашите деца со системско воведување.

„Од оваа година исто така сите ќе добиваат линеарна субвенција и дополнително државата ќе одлучи што е стратешко за да биде финансирано. Во текот на оваа година ќе правиме анализи и ќе знаеме кои се стратешките култури што државата треба да ги поддржува финансиски“ кажа Николовски.

Тој додаде дека земјоделците однапред ќе знаат дека поддршата за тие стратешки кулутри ќе ја имаат и дека за прв пат од 2004 наваму, субвенциите за оваа година ќе се исплаќаат во оваа година.

Можеби ќе ве интересира...

Нов јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади

Бизнис про

Министерството за земјоделство: Зголемен интерес кај земјоделците за програмата за рурален развој за 2022

Бизнис про

Се продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба

Бизнис про