Се продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Одлука со којашто се продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба до 30.11.2022 година.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да направи исплата кон земјоделците по основ на оваа мерка.

Можеби ќе ве интересира...

Министерството за земјоделство: Зголемен интерес кај земјоделците за програмата за рурален развој за 2022

Бизнис про

МЗШВ: Доделени нови 100 договори за закуп на земјоделско земјиште за обработка на житни култури

Бизнис про

МЗШВ: Историски најголем земјоделски буџет за 2023 година со цел обезбедност со храна и зголемено производство

Бизнис про