Македонците плаќаат најевтини горива во регионот

Утре Регулаторната Комисија за Енергетика во Македонија ќе ги корегира цените на горивата, стандардно како и се кој работен понеделник.

Но какви се цените во регионот?

Како што пишуваат српските медиуми, цената на горивата во Македонија и натаму е поевтина. Инаку да потсетиме дека ова важеше и кога цените на горивата дивееја за време на украинската криза и кај нас горивата го надминаа плафонот од 100 денари.

Според податоците на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС), најевтиниот бензин е во Северна Македонија – 1,22 евра за литар, додека пак
литар бензин БМБ 95 во Србија чини 1,5 евро. Убедливо најскапи се Албанија со 1,77 евра за литар бензин и Грција со 1,75 евра.

Во Словенија литар бензин чини 1,49 евра, во Унгарија 1,48 евра, а во Хрватска 1,43 евра.

Најевтиниот дизел е 1,1 евро во Северна Македонија, а 1,2 евро во Босна и Херцеговина.

Литар Еуродизел Албанците ги чини 1,77 евра, а во Србија пак 1,62 евра.

Во Словенија литар еуродизел чини 1,54 евра, а во Грција 1,52 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот постави нов рекорд, никогаш не вредел толку

BiznisPRO

Голдман Сакс: Овие акции би можеле да скокнат за 20 проценти

BiznisPRO

Горивата поскапуваат – Еве за колку!

BiznisPRO