Макпетрол разгледува можност да прекине со продажба на гориво, откако им беа намалени маржите – не можеле да изддржат

Одлуката на државата да застане во помош на граѓаните, не ги направи среќни трговците со деривати на мало.

Намалување на маржите за трговија со горива од 4.5 на три денари, односно за 33 отсто, создала непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

– Ваквите мерки, кои што регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која што особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува – истакнуваат од компанијата.

Бензинот и нафтата синоќа достигнаа рекордни цени во Македонија, но и низ целиот регион. Владата донесе сериозни мерки со кои горивата ќе се намалат за по 10-денари, откако измените на Законот за акцизи ќе поминат во Собрание.

Можеби ќе ве интересира...

Оваа година втори мај е неработен, а еве кога се паѓа Велигден – Ова се сите неработни денови до крајот на годинава

BiznisPRO

РКЕ: Ново намалување на бензинот и дизелот, ова се новите цени

BiznisPRO

ОПЕК очекува побарувачката за нафта да расте

BiznisPRO