Маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на производите на интернет на дневна основ – Донесени измени на Законот за заштита на потрошувачите

Големите, средните и малите трговци кои вршат дејност трговија на мало, со шифра 47 согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2.1, се должни на својата веб-страница да ја објават, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна, односно единичната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нудат за продажба. Усогласувањето на цените ќе се врши на дневна основа, стои во Законот за заштита на потрошувачите чиј измени беа донесени во вторникот.

Законот на сила ќе стапи откако ќе биде објавен во Службен весник, а трговците имаат рок од 45 дена да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон.

Исто така познато е дека од 20.ти февруари на трговците им е ограничена и маржата за основните производи, по ценовниот шок кој удри по џебот на граѓаните во изминатите месеци.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чинат девизите во понеделник? – Курсна листа за 10 март 2025

BiznisPRO

Дали треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 15 мај 2024

BiznisPRO

Убава вест: Доаѓа исплата на пензиите, еве и кога

BiznisPRO