Mastercard Credit Contactless картичка од Халкбанк за брзо и безбедно плаќање со бројни придобивки

Во современиот свет, кредитните картички станаа незаменлив дел од секојдневниот живот кој им овозможува на корисниците да купуваат сега и да плаќаат подоцна. Без разлика дали се користат за секојдневни купувања, патувања или поголеми инвестиции, или пак, за задоволување на непланирани и итни трошоци, кредитните картички обезбедуваат удобност, безбедност и нудат многу други поволности кои го прават животот полесен и побезгрижен. 

Токму такви поволности нуди Mastercard Credit Contactless кредитната картичка од Халкбанк која што претставува идеален избор за сите кои сакаат брзи, безбедни,бесконтактни плаќања и секако дополнителни бенефиции. Како  дел од промотивна понуда, Халкбанк за првите 500 клиенти што ќе аплицираат за добивање ваква картичка и ќе направат трансакција со неа, обезбеди дигитален ваучер од 1.200 денари од giftcards.mk

Клиентите кои ќе ги исполнат условите за добивање на ваучерот, ќе добијат е-пошта со упатства за активирање и користење на ваучерот.  Откако на линкот ќе изберат ваучер за еден од понудените трговци, тие ќе добијат баркод кој потоа може да се реализира во  продажните места со прикажување на истиот преку телефон или друг уред. Уште една дополнителна придобивка е тоа што корисниците кои ќе направат промет од 45000 денари се стекнуваат со дополнителен ваучер од giftcards.mk во вредност од 1800 денари.

Mastercard Contactless кредитната картичка од Халкбанк инаку нуди многу поволности, како купување на рати без камата кај повеќе од 800 партнери на банката, можност за повлекување готовина без провизија во последните седум дена од месецот од банкоматите на Халкбанк и попусти до 10% при купување  доброволно осигурување од Халк Осигурување. Корисниците на кредитните картички, Банката ги наградува и со Бонус програма со која со пазарување на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на  бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства  кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк. 

Mastercard Contactless картичките се дизајнирани со највисоки безбедносни стандарди, вклучувајќи 3D Secure технологија, обезбедувајќи безгрижно и сигурно искуство при плаќање. 

Сите заинтересирани можат да аплицираат за Mastercard Contactless кредитната картичка во најблиската филијала или онлајн преку електронско или мобилно банкарство на Халкбанк. 

Можеби ќе ве интересира...

„Реплек“ на саемот на фармација CPHI – зајакнување на извозните позиции и освојување нови пазари

BiznisPRO

OKTA: Финансиски резултати за третиот квартал/првите девет месеци од 2024

BiznisPRO

Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

BiznisPRO