Медиумската присутност на МБИ10 компаниите

Следниот приказ ја одразува медиумската присутност на 10-те Акционерски Друштва кои се дел од МБИ10 индексот на Македонската Берза.

Мониторингот на ПИКАСА АНАЛИТИКС презентира резултати од 400 мониторирани дигитални медиуми, кои вкупно во текот на Февруари објавиле над 300.000 вести (политика, економија, спорт, култура, технологија, хроника итн).

Еден дел од тие вести се однесуваат на активностите на најголемите и најуспешните акционерски друштва, учесници на МБИ10 индексот.

Приложените резултати покажуваат:
– На колку медиумски објави биле споменати
– Колку пати биле споменувани на социјалните мрежи Твитер, Фејсбук, Инстаграм и Јутуб.
– Колку вкупно реакции предизвикале објавите каде што биле споменати (збир на лајкови, споделувања, емоции и коментари)
– Споредба со претходниот месец (Јануари) – дали има зголемување или намалување на бројот на споменувања и реакции.

Покрај банките, кои сочинуваат пола од МБИ10 индексот, останатите 5 компании се од различни индустрии и затоа табелата нема карактер на споредба на компании од различни индустрии. На пример, во Фармацевтската индустрија, Алкалоид АД учествуваат со над 80% од сите активности на индустријата.

* Мониторингот е овозможен од платформата analytics.live на Пикаса која следи над 2.000 медиуми од Западен Балкан и главните социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутуб).
* Податоците се јавни.

Можеби ќе ве интересира...

„ЕВН Онлајн“ освои две главни награди на натпреварот „Награди во е-трговијата“ за 2023 година

BiznisPRO

Изминатото деноноќие произведени се 15.179 MWh електрична енергија и целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

BiznisPRO

Почнуваат градежните работи на Коридор VIII: Железничка делница Куманово-Бељаковце-Крива Паланка

BiznisPRO