фото jannonivergall / pixabay

ДЗС измери пад на прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 87.2.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.0 % и Капитални производи за 25.1 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2024 година, во однос на декeмври 2023 година, изнесува
85.8.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 102.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 34.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.5 % и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 3.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 71.2.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 83.2.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.7 % и Капитални производи за 26.5 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.7 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 91.0.

Можеби ќе ве интересира...

Diners Club Македонија го прославува својот 30-ти роденден – под мотото „Кога повеќе значи повеќе“ Diners Club ја најави јубилејната година

BiznisPRO

УЈП ги повикува сите граѓани кои издаваат недвижни имоти ЗАДОЛЖИТЕЛНО да пријавуваат и да платат данок!

BiznisPRO

Грејната сезона почнува на 15-ти октомври 2024

BiznisPRO