Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари.

Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД.

Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во 2001 година, таа стана сè поважен играч во надворешната трговија, а во 2014 година стана и трговски партнер број еден на Америка (наместо Канада), пренесува seebiz.

Сепак, неодамна имаше зголемено триење меѓу двете најголеми економии во светот, откако администрацијата на Трамп воведе повеќе царини за кинески стоки во 2018 година.

Можеби ќе ве интересира...

Државата одлучи: Овие групи граѓани ќе добиваат повеќе пари

BiznisPRO

Основачот на Амазон најави дека ќе донира поголем дел од своето богатство: Најголем дел ќе биде насочен кон борбата против климатските промени

BiznisPRO

Проблем со одмрзнување на шофершајбната: Познатиот американски производител на автомобили повлекува 200.000 хибриди на Jeep

BiznisPRO