МФ: Усвоена нова Стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава – се зајакнува законската, институционалната и оперативната рамка за откривање и борба против измами во користењето на ЕУ фондовите

Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава за период 2026-2030 година.

Стратегијата е подготвена согласно преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија, заштита на финансиските интереси на ЕУ и заштита на еврото од фалсификување и има за цел да придонесе за подобрување на дисциплината и транспарентноста во користењето на јавните средства (национални средства и средства од ЕУ), но и за обезбедување заштита на финансиските интереси на ЕУ во РСМ.

Стратегијата е подготвена по партиципативен пристап на Oдделение за координација на борба против измами на ЕУ средствата (АФКОС одделението) при Министерството за финансии со вклучување на сите засегнати страни и меѓусекторска координација и соработка со институциите кои се дел од Институционална мрежа за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата (АФКОС мрежата), органите и структурите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија и Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската унија во РС Македонија 2026-2030 година значи спроведување реформа во приоритетните области кои се однесуваат на превенција од неправилности и измами, откривање на неправилности и случаи на сомнежи за измами, истрага и гонење на измами и поврат на средства и санкции. Преку спроведување на Стратегијата се очекува зајакнување на превенцијата од неправилности и измами и воспоставување ефективни и сразмерни мерки против измами, подобрување на алатките и техниките за откривање на неправилности и измами, обезбедување навремена истрага и соодветен третман на пријавените случаи на сомнежи за измами, како и зајакнување на капацитетот за обезбедување сразмерни и одвраќачки казни, соодветни финансиски корекции и дестимулирање во случај на неправилности и измами.

Националната стратегија за борба против измами го промовира мотото „нулта толеранција за измама“ при спроведување на програмите на ЕУ. Националната стратегија за борба против измама првпат е донесена во 2019 година со цел подобрување на законската, институционалната и оперативната рамка во превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите при имплементацијата на ЕУ фондовите.

Можеби ќе ве интересира...

Нина Ангеловска и Петар Ниновски на втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на Халкбанк АД Скопје

BiznisPRO

Реплек ве повикува на тотален РЕсет – вежбај на отворено со Елена Бубало во паркот на Франкофонијата во Скопје 

BiznisPRO

Во мај: Годишен раст од 8,6% на вкупните депозити и од 13,4% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO