МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре.

Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од 2 години и каматна стапка од 4,5% годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава. Аукцијата ќе се одржи на 12 декември.

Датумот на достасување на обврзниците од оваа емисија е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година.

Можеби ќе ве интересира...

Странските инвеститори имаат специфични даночни предизвици

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата

BiznisPRO

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2024 година

BiznisPRO