Минималната плата од април ќе се зголеми за околу 30 евра, а пензиите за илјада денари – но како ќе преживеат работниците и пензионерите во време на инфлација и сиромаштија?
Минималната плата наскоро ќе порасне за околу 30 евра, што за многумина на прв поглед звучи како олеснување. Но, прашањето кое сè погласно одекнува меѓу работниците е: дали тоа ќе биде доволно во држава каде што инфлацијата се движи околу 4%, а речиси секој петти граѓанин живее во сиромаштија (21,9%)?
Поголема плата – или само бројка на хартија?
Според економистите, растот на минималната плата ќе донесе привидна финансиска стабилност, но реалната куповна моќ на граѓаните останува речиси непроменета, анализира Centar.mk.
Храната, кириите и сметките растат побрзо од платите, а работниците велат дека секоја нова зима е потешка од претходната.
„И да добијам 30 евра повеќе, тоа е една вреќа брашно, масло и неколку литри гориво. До следната плата – пак ништо,“ вели 45-годишен работник од Скопје кој веќе 20 години работи во приватен сектор, пишува Centar.mk.
Целиот текст на Centar.mk.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
