фото Бизниспро

Мислевте дека пазарот на кафе го достигна врвот минатата година? Новите скокови на цените од јануари продолжуваат да уриваат рекорди

Просечен жител на Македонија пие околу четири килограми кафе годишно, што е околу 600 шолји во текот на годината. Со оглед на овие бројки, јасно е дека не можеме да замислиме ден без нашиот омилен пијалок. Кафето е дел од нашата традиција и незаменлив ритуал кој носи уживање, моменти на релаксација и поврзување – нешто од кое секако не би сакале да се откажеме.

Последните вести покажуваат дека цените на сировото кафе на светските берзи продолжуваат со својот вртоглав раст, поставувајќи нови рекорди од ден на ден. За потсетување, првиот 50-годишен рекорд беше соборен на крајот на минатата година, кога Арабика ја надмина својата највисока цена од 1977. Цената на кафето на њујоршката берза порасна од 320 центи за фунта – колку што беше на крајот на 2024 година, на 420 – што е зголемување од над 30% од почетокот на годината. Споредено со февруари минатата година, кога изнесуваше 180 центи, сегашната цена е дури 140 отсто повисока. Сличен тренд забележа и Робуста на лондонската берза, каде цената се удвои во однос на февруари минатата година.

Во текот на 2024 година се интензивираа проблемите на пазарот на кафе, што доведе до нагло поскапување на кафето, а кои годинава продолжуваат на уште повисоко ниво. Растечките геополитички тензии и меѓународните конфликти, особено оние кои ги засегаат поморските патишта, дополнително ја комплицираа ситуацијата. Проблемите со транспортот и зголемените цени на горивата се одразија на цената на суровините, вклучувајќи го и кафето. Сето ова беше надополнето со зголемената побарувачка за кафе на азискиот пазар, што имаше значително влијание врз глобалниот извоз. Овие фактори кумулативно доведоа до пораст на берзанските цени и рекордно зголемување на цените на сировото кафе, а според пазарните аналитичари, нема знаци дека оваа нестабилност ќе престане наскоро. Очекувањата се дека во Бразил годинава ќе има послаба жетва поради долгите сушни периоди, најдолги од 1981 година, а не стивнуваат шпекулациите во вид на инвестиции на инвестициските фондови на пазарот на кафе.

Соочени со вакви шокови, брендовите на кафе секогаш нагласуваат дека прават се за да ги амортизираат трошоците и да ги заштитат потрошувачите од драстичен скок на цените. Во текот на изминатата година се забележани поскапувања кои се далеку под овие процентуални промени на цената на сировото кафе.

Со најновите предизвици и поскапувања, се поставува прашањето – што им останува сега на производителите на кафе? Имајќи ги предвид сите овие факти, јасно е дека ценовните притисоци од ден на ден стануваат се поизразени. Според анализите на искусни експерти, нема доволно убедливи показатели кои би им дале надеж на производителите и потрошувачите дека состојбата наскоро ќе се подобри.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 19 март 2024

BiznisPRO

Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година

BiznisPRO

Макроекономски монитор: Изгледите во поглед на инфлацијата стануваат поповолни, но зависат од критични домашни фактори

BiznisPRO