Младите започнуваат движење за интернет без омраза: Партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија 

Младите започнуваат движење за интернет без омраза: Партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија 

На Меѓународниот ден за побезбеден интернет, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и без говор на омраза и движење предводено од деца за похуман онлајн свет.

„Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство и се во линија со нивните секојдневни борби на интернет.  Нашата цел е да им понудиме на девојчињата и момчињата социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, а воедно да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје“ рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер. „Сакаме да создадеме движење во кое децата ќе се спротивстават на врсничкото насилство онлајн и ќе промовираат човечност и љубезност во дигиталниот свет”.

„За нас е многу важно секој да има пристап до можностите на дигиталниот свет, а омразата на интернет ги загрозува сигурноста, почитта и инклузивноста на овој простор. Овој негативен феномен особено влијае на младите луѓе, коишто се најмногу засегнати. Во оваа значајна фаза од нивниот личен раст и развој, наша одговорност е да ги научиме како да ѝ се спротивстават на омразата и да станат двигатели на позитивна промена,” рече Никола Љушев, претседател на Фондацијата Телеком за Македонија. 

Оваа двегодишна иницијатива е продолжение на долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија преку кое во текот на сите овие години им се обезбедува помош на децата и на младите при нивното справување со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација. Досегашната соработка опфаќа: поддршка за еднакви можности за предучилишно образование на децата од руралните области, изработка на дигитални решенија за намалување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост, како и дигитални решенија за справување со климатските промени.  

Целта на новото партнерство е да се создаде движење преку кое младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции предводени од млади како застапници коишто ќе ги инспирираат и другите да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја. 

УНИЦЕФ заедно со Фондацијата Телеком за Македонија ќе објават отворен повик до децата и до адолесцентите да се вклучат во врсничката програма и во активностите за социјална мобилизација коишто ќе се спроведуваат во партнерство помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и УНИЦЕФ. 

Фондација Телеком за Македонија

Можеби ќе ве интересира...

Тимовите на Saint-Gobain и Хабитат Македонија со волонтерска работа започнаа реконструкција на два објекти за домување на социјално загрозени семејства во општина Чашка

BiznisPRO

Со воведување на ESG стандардите „Тиквеш“ го потврди статусот на прва и водечка винарница во ЈИЕ 

BiznisPRO

НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3%

BiznisPRO