Може ли да се преживее: Синдикалната минимална кошница за октомври е 46 198 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари.

За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2 343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1 067,86 денари или 2,39 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

„Брако“ започна со производство на машини за индустријата за обработка на стакло наменети за германскиот пазар

BiznisPRO

Нови цени на горивата од полноќ – Дизелот поскапува за 4 денари

BiznisPRO

Доколку сте дел од овие граѓани, проверете ги вашите сметки – Имате плус 10.000 денари

BiznisPRO