МТЕЛ ја проширува продажната мрежа, отворен нов продажен салон во Штип

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија ја проширува својата продажна мрежа со нов продажен салон во Штип. 

Новата МТЕЛ локација е на улицата Кузман Јосифовски бр. 12  во Штип каде корисниците ќе може да ги добијат сите информации за услугите кои ги нуди МТЕЛ во делот на мобилна телефонија, интернет и телевизија, како и  актуелните промоции. 

„МТЕЛ континуирано расте и се проширува на македонскиот пазар и навистина сме горди што денеска може да се пофалиме со ново продажно место во Штип. Интересот за нашите услуги секојдневно расте и мило ни е што отвораме нови места и нашите услуги ги доближуваме до корисниците, а со тоа ја подобруваме нашата корисничка услуга. Во моментов имаме одлична понуда со повеке од 250 канали на нашата стриминг платформа MOVE TV, промоција за сателитската телевизија mSAT TV, како и промотивни роаминг интернет тарифи кои сме убедени дека ќе им се допаднат на штипјани и ќе им овозможат да уживаат во едно поинакво телекомуникациско искуство“, велат од компанијата.

Освен нашите продажни салони во Скопје, Куманово и Штип, во моментов МТЕЛ  може да се пофали и со мрежа од 11 ексклузивни партнерски продажни салони. Услугите на МТЕЛ се достапни и на повеќе од 500 продажни локации.

Повеќе за услугите и актуелните промоции кои ги нуди МТЕЛ може да дознаете на 15010 или на mtel.mk. 

Можеби ќе ве интересира...

„ЕВН хоум“ ја прифати понудата на ЕСМ од 60 евра за мегават-час на тендерот за набавка на електрична енергија

BiznisPRO

Сертифицирање на 6 граѓански организации со „Ознака за доверба“

BiznisPRO

ИСОС: Јакнењето на сметководствената професија ќе донесе дополнителни придобивки и за микро, малиот и средниот бизнис

BiznisPRO