{ЗАЕДНО} до зелени идеи: dm дрогерие маркт распиша конкурс за пријавување на зелени и одржливи проекти

Сакате да придонесете кон зачувување на животната средина и да оставите позитивен печат во вашата локална заедница? На вистинско место сте! dm дрогерие маркт распишува конкурс за пријавување на иновативни, зелени и одржливи проекти, чија реализација ќе биде поддржана од компанијата! Конкурсот ќе трае од 10 февруари до 21 март, а на него можат да се пријават сите здруженија, институции, единици на локална и регионална самоуправа како и непрофитни правни лица (здруженија и фондации) и други регистрирани непрофитни правни лица.

Целта на конкурсот е да се одберат и поддржат проекти кои придонесуваат кон зачувување на природата и заштита на животната средина, преку намалување на загадувањето, справување со климатските промени и кревање на јавна свест, или пак промоција на одржлив развој.

На конкурсот можат да бидат пријавени проекти во една од двете предвидени категории: заштита на животна средина и одржливост и образование. Идеите ќе се оценуваат во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата и заедницата во која живееме. Пријавата на конкурсот се врши преку онлајн-формулар кој е достапен и се пополнува на интернет страницата www.dm-zaedno.mk. На линкот можат да се погледнат подетално условите за пријавување на конкурсот, како и да се добијат информации за потребната содржина на пријавата. 

Предлагачите на избраните проекти ќе бидат известени за статусот не подоцна од 22 април 2025 и ќе добијат информации за понатамошната реализација на конкурсот. 

dm ќе обезбеди поддршка на избраните проекти преку финансирање на услуги, материјали и опрема за реализација на проектот или директна уплата на средства на сметката на носителот на проектот. Бројот на проекти избрани за реализација не е однапред дефиниран, а начинот на поддршка на избраните проекти ќе биде дополнително одбран од страна на распишувачот на конкурсот. 

Сите прашања поврзани со пријавата и критериумите за избор можат да се упатат преку е-маил адресата: zaedno@dm.mk

 

 

Можеби ќе ве интересира...

Вендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга: Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“

BiznisPRO

Како да ги реактивирате гените на младоста, и вашата кожа на лицето да изгледа неколку години помлада?

BiznisPRO

Од јануари заклучно со 31 октомври РКЕ има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од скоро 272 MW

BiznisPRO