МТЕЛ ја шири продажната мрежа, нов продажен салон и во Куманово

МТЕЛ ја шири продажната мрежа, нов продажен салон и во Куманово

Новиот мобилен оператор на македонскиот пазар, МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата ја проширува својата продажна мрежа со нов салон во Куманово.

На новата МТЕЛ локација ќе може да купите mSTART припејд картички, да склучите договор за mCONNECT постпејд тарифите, mNET интернет пакетите, за комбинираниот пакет услуги mBOX или да аплицирате за приклучок на mSAT TV сателитската телевизија.

„Новиот салон во Куманово е дополнување на продажната мрежа на МТЕЛ преку која што услугите кои што ги нудиме како телекомуникациски оператор се поблиску и подостапни до нашите сегашни и идни корисници. Вработените во продажниот салон во Куманово стојат на располагање да Ве запознаат со сите услуги кои што ги нуди МТЕЛ и да Ве информираат за придобивките, како и уникатното дигитално искуство кое би го имале како корисник на МТЕЛ мобилната телефонија и интернет. “, велат од компанијата.

МТЕЛ во изминатиот период изгради своја мрежа од овластени партнери ширум државата која што ја сочинуваат 48 продажни салони на нашите партнери во 18 градови низ Македонија. Услугите на МТЕЛ се достапни на повеќе од 500 продажни локации меѓу кои на бензинските пумпи на „Макпетрол“ и „Пуцко петрол“, М киосците како и во „Рептил“ маркетите.

Сите услуги на МТЕЛ и понатаму се достапни и во продажниот салон во Скопје лоциран на улица Македонија, како и со повик на телефонскиот број 15010 или преку веб страна https://mtel.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Доаѓа продолжен викенд, а ова се сите неработни денови до крајот на годинава

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Едногласна порака од конференцијата за здравство на АмЧам: “Квалитетното здравство е инвестиција во човечкиот капитал”

BiznisPRO