MТЕЛ нов горд спонзор на РК Вардар 1961

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, со почетокот на новата сезона стана еден од главните спонзори на ракометниот клуб Вардар 1961.

„Огромно е задоволството да се вброиме меѓу компаниите кои се поддршка на РК Вардар 1961, двократниот европски ракометен шампион кој од своето постоење е причина за радост и гордост на сите љубители на спортот. Уверени сме дека преку Договорот за спонзорство даваме нова енергија во клубот која ќе биде основа за нови успеси на тимот како во домашните натпреварувања, така и на европската ракометна сцена“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Од клубот изразија благодарност и задоволство за поддршката од МТЕЛ.

„Чест ни е да го имаме брендот на МТЕЛ на дресот на РК Вардар 1961. Среќни сме што компанијата во нас препозна партнер со кој што споделуваат иста визија за клубот, ракометот и спортот воопшто. Верувам дека заедно ќе градиме успешна приказна во која што клубот ќе биде причина за нови радости на навивачите и сите љубители на спортот“, вели Михајло Михајловски, Претседателот на РК Вардар 1961.

Со поддршката за РК Вардар 1961, МТЕЛ уште еднаш ја потврдува својата посветеност на развојот на локалниот спорт и подобрување на условите во кои што се натпреваруваат спортските клубови, но и се градат младите таленти создавајќи позитивни примери за младите генерации.

Инаку, МТЕЛ во овој момент е генерален спонзор и на кошаркарските клубови Работнички и МЗТ Скопје, на Првата машка лига во кошарка кој се преименува во МТЕЛ Прва машка лига, како и Македонската теквондо федерација.

Со овие договори МТЕЛ ја потврди својата улога како врвен партнер на македонскиот спорт, улога која компанијата и во иднина ќе продолжи да ја негува и засилува.

Можеби ќе ве интересира...

Претседавачот на ЕБА: Комбинацијата на мерки на Народната банка и останатите централни банки вродија со плод

BiznisPRO

50.000 неосигурани автомобили на улиците и покрај тоа што Македонците плаќаат најевтино осигурување во регионот

BiznisPRO

Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ

BiznisPRO