• јули 22, 2022
  • 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ

МЗШВ: Доделени нови 100 договори за закуп на земјоделско земјиште за обработка на житни култури

МЗШВ: Доделени нови 100 договори за закуп на земјоделско земјиште за обработка на житни култури

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Штип додели 100 договори на земјоделски стопанства, кои аплицираа на последниот јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за обработка на житни култури од регионите Штип, Велес, Кочани и Куманово.

Министерството овој оглас наменски го распиша, како дел од Планот за производство на храна, со цел обезбедување на нови површини за обработка на житни култури и обезбедиме поголем принос. Вкупно на располагање со јавниот оглас беа ставени 5.722 хекатри земјоделско земјиште над 3 хектари распоредено во 14 региони низ државата. Поставената цел е исполнета преку рекордниот интерес кај земјоделците за овој јавен оглас, со склучени 258 договори за закуп на земјоделско земјиште.

„Главното прашање кое денес го мачи целиот свет е како да се стабилизира домашното производство и да се обезбеди доволно храна. Ова е предизик пред кои сите земји се исправени како последица од војната во Украина“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Навремено министерството реагираше и во консултација со земјоделците го подготви и донесе Национален план за производство на храна, како и Интервентен фонд кој во себе содржи многу мерки за поддршка на секој еден земјоделец.

„Даваме поддршка во набавка на вешачко ѓубриво, помагајќи до 40% од трошоците на земјоделците, а парите за оваа поддршка земјоделците ги добиваат брзо во рок од 7 дена по аплицирањето. До сега исплатени се вкупно 86 милиони денари за 5.475 земјоделци кои аплицирале за поддршка при набавка на вештачко губриво. Со Националниот план обезбедивме и дополнителна мотивирачка мерка од 100 евра по хектар за зголемен принос на површини засеани со житни култури. Важи без ограничување од 1 хектар па нагоре за површини под житни култури“ истакна министерот Николовски во своето обраќање.

Во борбата да обезбедиме доволно храна за сите потребна ни е и вашата помош потенцираше министерот Љупчо Николовски во своето обраќање пред присутните земјоделски стопанства.

„Од вас барам, и на тоа како министерство ќе инситираме цело време, произведените житни култури најпрво да ги дадате во домашни преработувачки капацитети. Така е чесно и договорно кон сите граѓани, бидејќи мерките кои ги даваме до секој земјоделец се од парите на сите граѓани. Со ребалансот на буџетот кој веќе Собранието го излгаса подготвивме земјоделски вреден 3,2 милијарди денари, кој дава директна поддршка на повеќе од 45.000 земјоделци. Земјоделски буџет со кои расчистуваме со сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнуваме и со авансна исплата на субвенциите во рок од 90 дена по аплицирањето“, истакна министерот Николовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминативе месеци преку седум распишани јавни огласи на располагање ставивме вкупно 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Распоредени низ целтата територија на државата со површини до и над 3 хекатри земјоделско земјиште. Секоја педа обработливо земјиште се става на располагање на земјоделците.

Поврзани соддржини

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична…

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата…
РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја

РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во…
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45.…

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот…
ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за  справување со климатски промени

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија…

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на…
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве кој ќе добие 3.000 денари месечна помош

ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве…

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството…
Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во потрага по работници, Германија воведува нови правила за поголема имиграција

Во потрага по работници, Германија воведува нови правила за…

„Ни требаш“, вака германскиот министер за економија Роберт Хабек (Хабек) регрутира квалификувана…
На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата и забраната за увоз во Европската унија

На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата…

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено…
Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на нафтата, дури и ако го намалиме производството

Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на…

Русија нема да извезува нафта што е предмет на ограничување на цената…
ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична…
Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти

Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок…

Скопје, 4 декември 2022 (МИА) – Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле…
УЈП со голема заштеда на струја

УЈП со голема заштеда на струја

Управата за јавни приходи во месец октомври, потроши за 28 %, помалку…