Платата е 2.000 евра, не е потребно работно искуство, но работници нема никаде! Се сруши сектор стар над илјада години, никој не сака да биде овчар…

Слична е и ситуацијата во Македонија, каде се нудат високи плати, но никој не сака да биде овчар, а овој сектор полека изумира.

Во Шпанија, најголемиот производител на јагнешко месо во Европската унија, производството на ова месо драстично опаѓа поради недостигот на овчари, намалувањето на потрошувачката и недоволната исплатливост на овчарството.

Минатогодишното производство било за 41 отсто помалку од 2007 година, покажуваат податоците на тамошното здружение на производители Pastores Grupo Cooperativo.

Pastores Grupo Cooperativo обединува 800 овчари од 400 села во провинцијата Арагон во североисточна Шпанија. Во тој регион се произведува 10 проценти од целото месо произведено во Шпанија.

Ловалните овчари нудат и до 2000 плата евра, без работно искуство, но никој не сака да работи, се жалат тие.

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на цените во земјоделството, февруари 2024 година

BiznisPRO

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА РАСТ: Цената на маслиновото масло драстично порасна за една година

BiznisPRO

Просечната цена на земјоделското земјиште во ЕУ е 10.578 евра по хектар: Еве каде е поскапо

BiznisPRO