ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА РАСТ: Цената на маслиновото масло драстично порасна за една година

Цената на маслиновото масло во Европската унија во јануари се зголеми за 50 отсто во однос на истиот месец лани.

Цената на маслиновото масло во Европската унија нагло порасна во втората половина на 2023 година, а цените во август 2023 година беа за 37 отсто повисоки во споредба со истиот месец во 2022 година, објави Евростат на својата веб-страница.

Трендот на пораст на цените продолжи и во септември 2023 година со раст од 44 отсто на годишно ниво на маслиново масло, како и 50 отсто во октомври, 51 отсто во ноември и 47 отсто во декември.

Во јануари годинава годишен пораст на цената на маслиновото масло е забележан во сите земји од Европската унија, а најизразен е во Португалија, за 69 отсто, Грција за 67 отсто и Шпанија за 63 отсто.

Најмалку цените на маслиновото масло пораснале во Романија, за 13 отсто на годишно ниво, во Ирска за 16 отсто и во Холандија за 18 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

По трет пат доделен меѓународен ИСО сертификат за управување со квалитет во АХВ

BiznisPRO

Се помалку производство на јаболкла, круши, сливи и праски – регистрира ДЗС

BiznisPRO

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Св. Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

BiznisPRO